BEST Institut für berufsbezogene Weiterbildung und Personaltraining GmbH
Институтот BEST (www.best.at) е основан во 1990 година како независна австриска организација за обезбедување континуирана обука, стручни квалификации и услуги за кариера. Институтот е со седиште во Виена и работи со филијали во регионот на Виена. Нејзините главни активности опфаќаат развој на иновативни програми за обука за млади (+16) лица и возрасни, многу од нив во неповолна положба и со миграциско потекло, на континуирана и стручна обука, советување и тренирање и активирање за барателите на работа и вработените. Шемите за обука се ориентирани кон клиенти и се засноваат и на конкретните потреби на пазарот на трудот и на индивидуалните ситуации, вештини и компетенции на учесниците, претходното искуство и животните околности. Институтот располага со голема мрежа на австриски и меѓународни организации, јавни и приватни, од различни сектори.
Во рамките на одделот за меѓународни проекти, од 1995 година, BEST е ангажиранa во повеќе од 240 европски проекти, и како координатор и како партнер, во рамките на разни програми на ЕУ (Леонардо, Сократ / Грундвиг, EQUAL, LLP, ESF, eTEN, FP, EuropeAid, Erasmus +, H2020, IEE, INTERREG, AMIF, итн.). Организацијата е фокусирана на вмрежување, размена на искуства и практики, учење од врсници, истражување и развој на иновации, менаџирање со веќе стекнатото знаење, личен и професионален развој.
Повеќе информации можете да најдете на следното видео (video)
ПРОФИЛИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ
- Mag. Karin Kronika, MA
- www.best.at
- karin.kronika@best.at
- (+43) 1 / 585 50 50
- Mariahilfer Straße 8, A-1070 Wien
- Австрија