Нашата приказна-Како се оствари овој проект
Спортот носи могу придобивки за децата, а европските држави го ценат физичкиот разво и ги сметаат како есенцијални во раното образование. Спортот на децата им дава и овозможува повеќе од само физичка благосостојба, им рзвива важни карактерни особини и доживотни вредности, па затоа треба да се осигура дека активниот и здрав начин на живот е интегриран во животот на малите деца.
Меѓукултурната соработка и размената на добри практики ќе доведат до разбирање за важноста на активниот и здрав начин на живот за раниот детски развој и ќе создадат основа на движења и активности со низа физички, емоционални и меѓучовечки придобивки креирани од експерти за ран детски развој.
Проектот за експерти за ранот детски развој (622642-EPP-1-2020-1-DE-SPO-SCP) е во рамките на конкретни цели што ги следи Еразмус + А3: Еразмус Мундус, поддршка за партнерства од областа на спортот .
Нашата Визија
Проектот “Европска програма за ран детски развој и образование” ги ангажира децата во физички активности, креирани од екперти, со цел да му помогнат на децата да стекнат активен и здрав начин на живот во текот на овој проект, која навика би останала до крајот на нивниот живот.